• сабота, 28 декември 2024

Ердоган допатува во Белград

Ердоган допатува во Белград

Белград, 10 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вечерва допатува во посета на Србија каде беше поречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој   ќе разговара со највисоките државни претставници на Србија и ќе учествува на бизнис форумот на двете земји.

Работниот дел од посетата започнува утре. По свечениот прием пред Палатата Србија, Ердоган најпрвин ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа заедно ќе присуствуваат на четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција и на потпишувањето на договорот за соработка, јави Бета.

Во текот на попладневните часови Ердоган заедно со Вучиќ ќе присуствува и на бизнис форумот Србија-Турција.

За време на посетата на Ердоган на Белград треба да се потпишат повеќе документи - меморандуми за разбирање и соработка меѓу Србија и Турција.

Претседателот на Турција допатува во Белград по кратката посета на Тирана. зш/

Остани поврзан