• среда, 18 декември 2024

Ердоган го потпиша претседателскиот указ за прием на Шведска во НАТО

Ердоган го потпиша претседателскиот указ за прием на Шведска во НАТО

Анкара, 25 јануари 2024 (МИА) – Законот што го одобри турскиот парламент во врска со протоколот за пристапување на Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) денеска е објавен во Службениот весник на Турција, со што беше финализирана ратификацијата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша претседателскиот декрет за пристапување на нордиската земја во воениот сојуз и го одобри соодветниот протокол.

Законот сега стапи во сила. јт/

Фото: Анадолија

Остани поврзан