• недела, 24 ноември 2024

Ербас во првата половина од годината регистрира загуби од 1,9 милијарди евра

Ербас во првата половина од годината регистрира загуби од 1,9 милијарди евра
Париз, 30 јули 2020 (МИА) - Производитрелот на авиони Ербас објави дека претрпе нето загуба од 1,9 милијарди евра во првата половина од годинава, како одраз на двојниот пад на испораките на неговите авиони во текот на периодот обележан со влијанието на кризата со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. - Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз нашите финансии е многу видливо во вториот квартал, при што испораките на комерцијални авиони се преполовени во однос на минатата година, изјави извршниот претседател на Ербас, Гијом Фори. Ербас испорача 196 авиони во првите шест месеци од годината, за половина помалку отколку во истиот период од 2019 година. Авиокомпаниите се во тешка ситуација поради пандемијата и бараат да се пролонгираат испораките или пак не се во можност да ги примат поради затворање на границите. Сепак, испораките се сигурен показател за профитабилноста во аеронаутиката, главно затоа што клиентите плаќаат поголем дел од сметката кога ќе го преземат авионите. Ербас забележа пад на промет во првото полугодие за 39 отсто (минус 55 отсто во вториот квартал), на 18,9 милијарди евра и оперативна загуба од 1,6 милијарди евра, страдајќи особено од трошоците од 332 милиони евра поврзани со крајот на програмата за големиот авион А380 во 2021 година. Групата исто така забележа 900 милиони евра трошоци поврзани со Ковид-19. Авиосообраќајот ќе се врати на нивото од 2019 година во периодот од 2023 и 2025 година, а Ербас го намали производство за 40 отсто во однос предвиденото. Тековната состојба на пазарот доведе до мало прилагодување на стапката на производство на А350 од шест на пет авиони месечно. Ербас пред кризата месечно произведуваше девет до 10 авиони А350. Ербас најави дека ќе намали 15.000 работни места ширум светот, или 11 отсто од работна сила, од кои 5.000 во Франција. тг/ми/

Тагови

Остани поврзан