• недела, 24 ноември 2024

ЕП усвои нови правила за батериите

ЕП усвои нови правила за батериите

Стразбур, 15 јуни 2023 (МИА) – Европскиот парламент на пленарната седница усвои нови правила за дизајнот, производството и отпадот на сите видови батерии што се продаваат во Европска Унија – автомобилски, индустриски и преносни, како и нови категории на батерии за лесни возила.

Со 587 гласови „за“, девет „против“ и 20 „воздржани“, европратениците го потврдија постигнатиот договор со Советот на ЕУ за ревидираните правила на ЕУ поврзани со батерии и отпадот од нив.

Изменетата Директива за батерииte гарантира дека тие можат да се пренаменат и да се  рециклираат. Новиот закон го опфаќа целиот циклус на траење на батериите, од дизајн до крајот на работниот век.

Тоа е во согласност со акцискиот план на ЕУ за циркуларна економија и индустриски стратегии, кој го опфаќа целиот животен циклус на производот, од дизајн до употреба и до рециклирање во нови производи. ми/

Фото: Википедија

Остани поврзан