• вторник, 12 ноември 2024

ЕП: Двојна победа на македонските шаховски репрезентации

ЕП: Двојна победа на македонските шаховски репрезентации

Будва, 14 ноември 2023 (МИА) – Третото коло на Европското екипно првенство во шах беше успешно за македонските репрезентации, откако шахистите синоќа ја совладаа селекцијата на Фарските Острови, додека шахистките беа поуспешни од домаќинот Црна Гора.

По стартните порази од Чешка (0.5 – 3.5) и Грузија (1-3), македонската машка репрезентација триумфираше над Фарските острови со 2.5 – 1.5 и ја забележа првата победа на ЕП во Будва.

Женската репрезентација, пак, ја извојува и втората победа во серија совладувајќи ја Црна Гора со 2.5-1.5, откако во претходното коло беше поуспешна од Шведска (2.5-1.5) по воведниот пораз од Словачка (0.5 – 3.5).

Македонските шахисти се на 31. место пред денешниот дуел против Црна Гора во четвртото коло, додека шахистките се искачија на 13 место, а следен противник ќе им биде репрезентацијата на Украина. ег/вј/ 

Фото: ШФМ

Остани поврзан