• четврток, 26 декември 2024

„Епл“ откри израелски софтвер опасен за кој било „Ајфон“

„Епл“ откри израелски софтвер опасен за кој било „Ајфон“
Вашингтон, 14 септември 2021 (МИА) - Израелската компанија за кибер-безбедност, „НСО Груп“ развила уникатен софтвер со којшто е можно да се изврши хакерски упад во кој било „Ајфон“-уред на американски „Епл“, објави денеска мониторинг-групата за безбедност на интернет - „Ситизен лаб“. Оттаму велат и дека сознанието за постоење на спомнатата алатка е важно бидејќи ја открива чувствителноста на сите оперативни системи „ИОС“, „О-ес-икс“, како и „Вач-ОС“, освен оние што биле ажурирани денеска. Американската компанија „Епл“ потврди дека со обновувањето на софтверот на своите системи, ја елиминирале опасноста од можноста од хакерски упад на уредите.  си/

Остани поврзан