• среда, 25 декември 2024

„Епл“ го претстави „ИОС 18.1“ со „Епл интелиџенс“

„Епл“ го претстави „ИОС 18.1“ со „Епл интелиџенс“

Лос Анџелес, 29 октомври 2024 (МИА) - Компанијата „Епл“ (Apple) го претстави својот надграден оперативен систем „ИОС 18.1“ (iOS 18.1), заедно со „Ај-Пад-ОС 18.1“ (iPadOS 18.1) и „Ај-Мак-ОС Секвоја 15.1“ (imacOS Sequoia 15.1), што со себе носи и „Епл интелиџенс“ пакет од функции засновани на вештачката интелигенција и технологијата на оваа компанијата од Купертино, Калифорнија, САД.

„Епл интелиџенс“ (Apple Intelligence) содржи голем број нови алатки, вклучувајќи ги и оние за пишување, што овозможува и препишување, лектура и сумирање текст. Промени има и кај асистентот „Сири“, којашто е „попаметна“ и пософистицирана, а може да се користи и „четбот“ за одредени прашања.

Апликацијата „Фотос“, исто така, е подобрена. Тука е и новата функција „Клин ап“, како и можноста за компресирање на известувањата и режимот наречен „Редјус интерапшнс“ (Reduce Interruptions) што, со помош на ВИ, ги покажува само најважните известувања. Надградена е и апликацијата „Мејл“.

Покрај ВИ-функциите, „ИОС 18.1“ овозможува и подобра контрола на камерата и брзо префрлување на предната камера на сите модели на „Ајфон“ од 2024 година, просторно сликање фотографии и снимање во новиот режим на тн. просторна камера.

Новостите ја вклучуваат и новата функција „Ерподс“ за тестирање на слухот на корисниците (AirPods Hearing Test), како слушно помагало „од клиничко ниво“, се наведува. Режимот за заштита на слухот ја минимизира изложеноста на гласна бучава во околината и е компатибилен со слушалките „Ерподс 2“.

Сите повици може да се снимаат, по што е можно да се добие нивниот транскрипт во апликацијата „Белешки“ (Notes), со автоматско известување дека повикот се снима.

Инаку, креирањето виртуелни „Мемори мувис" (Memory movies) и другите функции на „Епл интелиџенс“ засега се достапни само на англиски јазик, е вели во изветувањето, како и дека „има виртуелна редица“ за да се добијат.  си/рп/

Фото: „Епл интелиџенс“

Остани поврзан