• сабота, 23 ноември 2024

Епл го претставиот новиот поевтин ајфон од моделот СE

Епл го претставиот новиот поевтин ајфон од моделот СE
Вашингтон, 15 април 2020 (МИА) - Компанијата Епл денeска го претстави новиот буџетен ајфон од серијата СE, во црна, црвена и бела боја. Вградената меморија е од 64, 128 и 256 ГБ и цената зависи од меморијата. На американскиот пазар ќе се продава по 399, 449 или 549 долари, зависно од капацитетот на меморијата. Овој модел е наменет за корисниците кои сакаат помал екран и кои не се во можност да платат од 800 до 1.100 долари за моделите од серијата 11. Работи со класично кружно копче со вграден сензор за отпечаток на прстите, и батеријата може да се полни безжично. Телефонот е со можност за користење две СИМ-картички. Ширината на екранот е 4.7 инчи, поседува задна и предна камера, предната е 12 мегапиксели, а задната со седум. Поседува бионичен процесор за обработка на фотографии и можност да се вклучи режим на портрет. кб/ми/

Остани поврзан