• вторник, 24 декември 2024

„Епл“ апелира за обнова на софтверите на телефони, ајпедите и компјутерите поради можни хакерски напади 

„Епл“ апелира за обнова на софтверите на телефони, ајпедите и компјутерите поради можни хакерски напади 
Вашингтон, 19 август 2022 (МИА) - Tехнолошкиот гигант „Епл“ (Apple) ги упатува корисниците на неговите телефони, таблети и компјутери да ги обноват софтверите откако компанијата откри ранливости што овозможува хакерите да влезат во оперативниот систем на апаратите. Во известување за безбедноста објавено синоќа, „Епл“ наведува дека ранливоста ги засега ајфоните од моделет 6с и подоцнежните модели, Ајпад 5. генерација и подоцнежните модели, Ајпад ер 2, Ајпад мини 4 и подоцнежните модели, сите Ајпад про модели и Ајпод тач 7. генерација. Проблемот може да е присутен и во компјутерите Мак кои работат на различни оперативни системи. Агенцијата за кибербезбедност и инфраструктура на САД ги охрабрува корисниците „да ги направат сите потребни обнови што поскоро“. кб/ми/

Тагови

Остани поврзан