• четврток, 26 декември 2024

ЕПИ ќе ги презентира препораките од тематската работна група за пристапот до единствен европски пазар

ЕПИ ќе ги презентира препораките од тематската работна група за пристапот до единствен европски пазар

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска организира средба со новинарите на која ќе бидат презентирани препораките од тематската работна група за пристапот до единствен европски пазар, во пресрет на Форумот на граѓанското општество и тинк-тенкови 2023, во рамки на Берлинскиот процес.

ЕПИ е водечка организација за тематските работни групи за пристапот до единствен европски пазар. Работната група за пристап до единствениот европски пазар ги истражува моделите за економска интеграција на Западен Балкан во ЕУ, а дискусијата особено се фокусираше на три клучни области: учество во Европскиот семестар, пристап до европските фондови и пристап до единствениот европски пазар.

-На прес-брифингот ќе ви бидат презентирани клучните препораки и заклучоци од работните групи одржани со невладините организации и експертите од целиот регион, во пресрет на Форумот на граѓанско општество и тинк-тенкови кој ќе се одржи на 14 и 15 октомври во Тирана. На брифингот може да се осврнеме повеќе на планот за раст на ЕУ, како и на клучните отворени прашања кои ги има граѓанскиот сектор. Дел од препораките од овој Форум, ќе бидат претставени на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во понеделник, наведуваат од ЕПИ. вг/ев/

Остани поврзан