• четврток, 26 декември 2024

Епископ Марко богослужеше во делчевското село Габрово за празникот Прочка

Епископ Марко богослужеше во делчевското село Габрово за празникот Прочка

Делчево, 17 март 2024 (МИА) - По повод празникот Прочка, во делчевското село Габрово се одржа богослужба со која чиноначалствуваше епископот Делчевско-каменички, г-н Марко. По завршувањето на богослужбата, пред присутните верници одржа беседа во црквата Св.Димитриј. 

-Денес, на празникот Прочка, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско - каменички г. Марко, чиноначалствуваше на Светата Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Свети Великомаченик Димитриј" во с. Габрово - Делчево. За време на Литургијата епископот одржа пристојна беседа, во која истакна дека сите ние, треба да простуваме постојано и на тој начин да се надеваме на Бог, дека ќе ни ги прости нашите гревови, истакнаа од Делчевско-каменичката епархија.

После Богослужбата, верниот народ ги прими Светите Божествени дарови, а богослужба за Прочка со која чиноначалствуваа свештеници од епархијата се одржа и во останатите поголеми храмови во Пијанец.вс/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан