• недела, 06 октомври 2024

Епидемиолози од ноќеска дежураат на граничниот премин Делчево поради коронавирусот

Епидемиолози од ноќеска дежураат на граничниот премин Делчево поради коронавирусот
Делчево, 27 февруари 2020 (МИА) - По појавата на првиот случај со коронавирус во Македонија, од синоќа епидемиолози започнаа со дежурства на граничниот премин Делчево. Тоа, како што информираше директорката на здравствен дом во Делчево, Марија Глигоровска, е резултат на вчерашниот состанок на екипите на епидемиолошкото одделение и претставниците на Центарот за јавно здравје од Кочани. На состанокот е дефинирано да се следат препораките на Министерството за здравство за вршење преглед на сите патници, кои на граничните премини ќе пристигнат од погодените подрачја со коронавирус.вс/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан