• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Енрике за победата над Ливерпул: Двата тима заслужија да одат понатаму

Енрике за победата над Ливерпул: Двата тима заслужија да одат понатаму

Ливерпул, 12 март 2025 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги пофали двата тима за прикажаното на реваншот со Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Парижаните победија со 1:0, па на пенали изборија пласман во четвртфиналната фаза на елитното фудбалско натпреварување.

- Не е важно дали заслуживме да победиме. Двете екипи заслужија да напредуваат. Ние бевме подобри во Париз, а тие беа подобри овде. Мојот тим ја покажа својата моќ и карактер на „Енфилд“. Атмосферата беше одлична, а натпреварот беше тензичен. Кога ждрепката покажа дека Ливерпул ќе игра против Пари Сен Жермен, и двајцата менаџери ја имаа истата мисла: ова беше една од најдобрите пресметки што се видени во Европа. Лигата на шампионите, изјави Енрике по натпреварот.

Во четвртфиналето ПСЖ ќе се соочи со поуспешниот од двомечот Астон вила – Бриж (3:1 прв натпревар). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан