• сабота, 19 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Енрике: Второто полувреме беше тешко за нас, но заслужено сме полуфиналисти

Енрике: Второто полувреме беше тешко за нас, но заслужено сме полуфиналисти

 

Париз, 16 април 2025 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека е многу среќен што неговиот тим се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампиони, но оти имало лоши моменти за неговиот тим во второто полувреме на вчерашниот реванш четвртфинален натпревар против Астон Вила во Бирмингем.

„Во второто полувреме се мачевме, беше многу тешко за нас, но мислам дека тимот и играчите мораат да бидат подготвени. Многу сме среќни, втора година по ред сме во полуфинале и мислам дека тоа е многу добро“, наведе Енрике, во изјава за официјалната веб-страницата на францускиот клуб.

ПСЖ загуби од Астон Вила со 2:3 во реваншот од четвртфиналето на гостински терен во Бирмингем, но се пласираше во полуфиналето, откако победи на првиот натпревар во Париз со 3:1 и со вкупен резултат 5:4 го елиминираше англискиот тим.

Противник на ПСЖ во полуфиналето ќе биде победникот од двомечот помеѓу Арсенал и Реал Мадрид. Англискиот клуб победи на првиот натпревар во Лондон со 3:0. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан