• четврток, 19 декември 2024

Ено-гастро концептот голем потенцијал за развој на руралниот туризам

Ено-гастро концептот голем потенцијал за развој на руралниот туризам

Скопје, 21 јули 2023 (МИА) - Руралниот и еко туризмот, како и ено-гастро концептот, ќе бидат меѓу приоритетите за привлекување странски гости. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и со ресорните министерства, веќе формира Работна група за спроведување на долгогодишниот прокет „50 села - 50 рурални приказни“.

Како што рече денеска директорот на АППТ Љупчо Јаневски, од проектот треба да произлезат повеќе од 2 000 кревети во руралните средини со што ќе се реализираат 20 000 - 50 000 ноќевања.

-Ова ќе се ефектуира директно во локалниот економски развој, ќе креира нови „зелени“ работни места и ќе овозможи вработување на млади луѓе до 29 години, подвлече Јаневски.

Во рамки на ено-гастро концептот догодина ќе бидат креирани вински патишта, а овој сегмент воедно и ќе се дигитализира.

-Вкупно 225 винарии ќе ставиме во функција на туризмот и во развојот на дегустациски центри, рече директорот на Агенцијата. мч/са/

фото: МИА и МИА архива  

Остани поврзан