• недела, 24 ноември 2024

Енергетскиот систем на Украина e далеку од колапс и покрај руските напади, тврди директорот на „Укренерго“

Енергетскиот систем на Украина e далеку од колапс и покрај руските напади, тврди директорот на „Укренерго“

Киев, 1 април 2024 (МИА) - Последните руски напади предизвикаа значителна штета на украинскиот електропреносен систем, но тешко дека ќе има целосен колапс, изјави директорот на украинската национална енергетска компанија „Укренерго“, Володимир Кудрицки.

Од 22 март руските сили започнаа секојдневни напади врз украинските термо и хидроцентрали, како и врз главната мрежа, што доведе до прекини на струја во многу области на земјата.

Нивната цел (на Русите) е да предизвикаат прекини на струја во некои големи украински градови, а нашата цел е да го спречиме тоа“, рече Кудрицки.

Најголемата приватна енергетска компанија во областа - ДТЕК, соопшти дека пет од шест електрани биле оштетени во нападите, кои изгубиле 80 отсто од нивниот капацитет.

Термоелектраните и другите објекти на ДТЕК, кои обезбедуваат околу една четвртина од енергетските потреби на земјата, беа повеќе пати погодени од руски ракети, беспилотни летала и артилерија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан