• среда, 25 декември 2024

Енергетската криза донесе нови проблеми: Поради заштеда на греење, сè поголеми здравствени трошоци

Енергетската криза донесе нови проблеми: Поради заштеда на греење, сè поголеми здравствени трошоци
15 ноември 2022 Данас.рс Енергетската криза во некои западноевропски земји станува потенцијален јавно здравствен проблем. Имено, високите трошоци за греење натераа станари да штедат на греењето, па домовите им се студени. Тоа влијание на здравјето на луѓето, особено на постарите, но и на помладите хронични пациенти, пренесе Вечерњи.хр На маса во капути Греењето воопшто не го вклучуваме, бидејќи неодамна поскапеа гасот и струјата. Не сме сигурни сега колку ќе нè чини греењето и не можеме да си го дозволиме луксузот да ризикуваме. Премногу се плашиме од висината на сметката, изјави за Би-би-си 27-годишната Мика Фајфилд, која боледува од Ехлерс-Данлосов синдром, што во нејзиниот случај предизвикува хронична болка и воспаление на коските. Поради оваа дијагноза, Мика не работи, а нејзиниот сопруг е на пола работно време за да се грижи за неа. Затоа Мика сега ги пресметува сите трошоци, па кога оди на базен како дел од терапијата, наместо дома, таму се тушира со топла вода. Сепак, за неа е најопасен домашниот студ поради штедење, затоа што сигурно ќе ја влоши нејзината здравствена состојба, но, нема избор. Би-би-си во својот извештај истакнува дека приказната за тешкотиите на Фајфилд е само една од милионите приказни што веројатно ќе се појават зимава, бидејќи зголемените сметки за гориво и струја може да принудат многумина низ светот да донесат тешки одлуки околу тоа кога и доколку се вклучи греење. Беше проценето дека 36 милиони луѓе во Европа во 2020 година не можеле да ги одржат доволно топли нивните домови. Годинава бројот на такви граѓани сигурно ќе се зголеми повеќекратно поради енергетската криза. Здравствените последици на сето ова не се безначајни. Научните истражувања покажуваат дека студените домови се штетни за нивните станари, а понекогаш дури и смртоносни. Поголем е ризикот од мозочен удар, респираторна инфекција, падови или други повреди поради намалена сила и спретност на луѓето на ниски температури. Студените домови може да имаат и краткорочни и долгорочни последици по нивното здравје, доброто, па дури и нивните животни шанси. Затоа во западна Европа, некои добротворени организации веќе ги насочија нивните напори и средства за да им помогнат на најзагрозените да плаќаат барем некаков вид греење секоја недела. Некои организации планираат да поделат пакети со топла облека или да подготват топли јавни простори каде луѓето ќе може да дојдат, доколку можат, со цел да го избегнат студот во нивните домови, пишува Би-би-си. Во овие здруженија истакнуваат дека познаваат постари лица кои одлучиле греењето да биде исклучено цела зима. - Гледаме и цели семејства како седат на маса во капути. Ова е реалност, додаде Пол Доерти од организацијата Фудсток. Некои здравствени експерти за Би-би-си истакнуваат дека овој проблем станува проблем на јавното здравје и оти не треба да се игнорира. А, тоа го мислат и наши експерти. - Постарите се најчувствители на студот. Кај нив се јавуваат многу болести, а потоа покрај тоа и лоша циркулација. И затоа сите сме сведоци дека нашите дедовци и баби секогаш носеле по некој елек повеќе. Постарите лица мора да се згреат бидејќи поради слаба циркулација потешко ги поднесуваат ниските температури. Мораме да кажеме дека за такви личности, оптималната собна температура е 24-25 степени, истакна д-р Инослав Бркиќ. Тој додаде дека поради тоа, постојат некои општи правила за температурата во куќите и канцелариите, за да се зачува. Во Англија 10 отсто повеќе смртни случаи Знам дека цените на енергијата растат, но, мораме да пронајдеме начин правилно да се грижиме за постарите и да им биде удобно. Влажните и студени куќи носат разни опасности, во некои случаи мувлата ќе се размножи, што е опасно и по здравјето на луѓето. Штедењето може да биде и најскапо, бидејќи ќе се разболат стари лица, па ќе пораснат и здравствените трошоци затоа што ќе се влошат болестите, а не дај Боже да добијат пневмонија или нешто слично. Затоа, треба да бидеме луѓе, рационални во сето ова и не можеме само да кажеме дека температурата ќе биде 17 степени, а знаеме оти човек од 80-90 години не може и не смее да биде во такви животни услови, нагласи д-р Инослав Бркиќ. Во периодот од 2020-2021 во Англија имало 63.000 смртни случаи за време на зимата, од кои околу 10 осто може да се препишат на студените домови, според најновото издание на Мармот ревју. Никој не може да предвиди колку енергетската криза ќе ги зголеми бројот и процентот. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан