Енеа Бастијанини победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот
- Италијанскиот возач Енеа Бастијанини е победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот сезонава што се одржа во Ле Ман, за Големата награда на Франција.
![Енеа Бастијанини победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113133924_big_730x400_33.webp )
Ле Ман, 15 мај 2022 (МИА) - Италијанскиот возач Енеа Бастијанини е победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот сезонава што се одржа во Ле Ман, за Големата награда на Франција.
Второто место го освои возачот на Дукати, Џек Милер, а третото, членот на „Априлија“, Алеш Еспаргаро, додека, актуелниот светски шампион Фабио Квартараро, заврши на четврто место. Шампионатот продолжува на 29 мај со трката за Големата награда на Италија. ар/бак/