• сабота, 23 ноември 2024

Ендрју Гарфилд и Флоренс Пју продолжиле да се бакнуваат и по „Сечи!“

Ендрју Гарфилд и Флоренс Пју продолжиле да се бакнуваат и по „Сечи!“

Лос Анџелес, 8 октомври 2024 (МИА) - Ендрју Гарфилд и Флоренс Пју глумат заедно во филмот „Го живееме мигот“ (We Live In Time). При промоцијата на филмот во Њујорк, САД, викендов Гарфилд раскажа анегдота од снимањето.

Имено, со 13 години помладата партнерка од филмот снимале „многу интимна и страсна“ секс-сцена, а кога режисерот Џон Краули извикал „Сечи!“, глумците просто продолжиле „да глумат“, но биле, некако - „премногу внесени“ во сценариото... Глумецот раскажува дека сцената станувала сè пострасна па не го слушнале „резот“...

Оваа „непријатна случка“, вели Гарфилд (41), за среќа се одвивала на затворена сцена. Освен двајцата протагонисти, околу нив биле само снимателот и филмскиот техничар, додека режисерот бил во соседната соба.

Гарфилд сфатил дека згрешиле дури кога забележале дека филмаџиите учтиво се свртеле кон ѕидот. Тој призна дека „сцената траела предолго“.

Филмот ја имаше својата премиера на овогодишниот канадски Меѓународен филмски фестивал во Торонто, а во американските кина ќе биде прикажан на 11 октомври.  си/ссм/

Фото: ИМДБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан