• вторник, 24 декември 2024

Енди Мекдауел ја покажа својата „сребрена“ коса

Енди Мекдауел ја покажа својата „сребрена“ коса
Лос Анџелес, 3 февруари 2021 (МИА) - Познатата американска глумиица Енди Мекдауел, како и САД и целиот свет, е во карантин, па ја покажа својата природна боја на коса, која сега е „сребрена“, односно - седа, побелена. - Што се случи? Па, јас не ја бојадисував косата, но таа е полуобоена назад тука, вели таа во видеото на Инстаграм, допирајќи си го задниот дел од главата. - Може да ги видите и моите корени, а ќерките ми велеа дека изгледам лошо... Ми се вртеше и тоа низ главата - дека може да изгледам лошо... Но, сега навистина ми се допаѓа. Затоа, сега и уживам во тоа, истакнува глумицата. Таа притоа, остава простор дека „за пет години повторно“ ќе си ја бојадиса косата, но, повторно истакнувајќи - сега ужива во неа. - Јас сум „сребрена лисица“. Таква сум сега!, вели глумицата, која инаку е на почетокот на седмото десетлетие од својот живот. Таа смета дека физичккото дистанцирање и носењето маски ни даваат поголема дискреција за тоа колку, или кои делови од нашиот изглед ги покажуваме. - Мислам дека тоа е нешто што им дава на луѓето малку одмор од оние социјални норми, за да можат да проценат што им прилега, а што не, и тоа може да биде добра работа. Карантинов, конечно може да ме натера да ја засакам мојата сива коса, вели Енди. си/ https://youtu.be/kd-JapJxsRg

Остани поврзан