• вторник, 24 декември 2024

Емре нов тренер на Фенербахче

Емре нов тренер на Фенербахче
Истанбул, 25 март 2021 (МИА) - Турскиот фудбалски гигант Фенербахче денеска спогодбено го раскина договорот со тренерот Ерол Булут, соопштувајќи дека екипата до крајот на сезоната ќе ја води спортскиот директор Емре Белозоглу. По добриот старт на сезоната Фенербахче полека го губи здивот во трката за шампионската титула и се наоѓа на третото место на табелата со заостанување од пет бодови зад лидерот Бешикташ, кој има одиграно и натпревар помалку. Белозоглу осум сезони го носеше дресот на Фенербахче, а беше и член н турската репрезентација. Пред една година беше назначен за спортски директор на клубот од Истанбул. ег/ми/

Остани поврзан