• среда, 25 декември 2024

Емитување на комуникациите помеѓу судиите и ВАР нема да се пренесува во живо

Емитување на комуникациите помеѓу судиите и ВАР нема да се пренесува во живо

Лондон, 31 октомври 2023 (МИА) - Извршниот директор на Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ), Лукас Буд изјави дека нема да се пренесува во живо дијалогот меѓу судијата и ВАР.

- Ми беше дозволено да ја следам комуникацијата на судиите на натпревар за време на прегледот, тоа е прилично хаотична ситуација. Не на негативен начин, но има многу луѓе кои разговараат одеднаш и мислам дека не би било продуктивно некој да ги слуша сите тие гласови. Дадовме зелено светло за тестирање на најавите за одлуки за да го направиме донесувањето одлуки потранспарентно, но во моментов не сме подготвени да ја отвориме комуникацијата во живо за гледачите, изјави Буд за „Би-би-си“.

Тој исто така истакна дека во фудбалот секоја судиска одлука се гледа под микроскоп, што може да создаде небезбедна средина за судиите и посочи дека судиите треба да се чувствуваат безбедно за да можат да се фокусираат на донесување правилни одлуки. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан