• сабота, 23 ноември 2024

Емирот од Катар, Вучиќ и Орбан му ја честитаа изборната победа на Ердоган, иако пребројувањето се уште трае

Емирот од Катар,  Вучиќ и Орбан му ја честитаа изборната победа на Ердоган, иако пребројувањето се уште трае

Анкара, 28 мај 2023 (МИА) - Емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани му честиташе на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за победата, иако пребројувањето на гласовите продолжува по затворањето на избирачките места, а официјалните резултати се уште не се објавени, јави ДПА.

„Драг мој брат Реџеп Тајип Ердоган, честитки за победата“, напиша емирот во својата објава на Твитер.

И претседателот на Србија Александар Вучиќ му ја честитал изборната победа на Ердоган и му посакал успех во извршувањето на одговорните должности, јавува Анадолија. Агенцијата известува и дека честитки пристигнале и од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Република Турција Ахмет Јенер соопшти дека по денешниот втор круг од претседателските избори во таа земја се преброени 75,42 отсто од гласовите и дека актуелниот претседател и кандидат на Народен сојуз, Реџеп Тајип Ердоган, е во водство.

Јенер изјави дека Ердоган во моментов води со 53,41 отсто освоени гласови, пред неговиот ривал и кандидат на опозициската Национален сојуз, Кемал Киличдароглу, кој освои 46,59 отсто од гласовите. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан