• среда, 25 декември 2024

Емирати најбезбедна авиокомпанија во светот, КЛМ во Европа

Емирати најбезбедна авиокомпанија во светот, КЛМ во Европа
Берлин, 3 јануари 2022 (МИА) - Емирати повторно го зазеде првото место во рангирањето на најбезбедните големи авиокомпании во светот, а во Европа титулата и припадна на холандската КЛМ, објави Центарот за евалуација на податоци за несреќи на џет авиони (JACDEC). Водечкиот авиопревозник во Обединетите Арапски Емирати ги надмина КЛМ, ЏетБлу и изиЏет  (KLM, JetBlue и easyJet) со индекс на ризик од 95,05 отсто и повторно го освои првото место во рангирањето на 25 компании во истражувањето спроведено од JACDEC за аеронаутичкиот магазин Аеро Интернешнал (Aero International).
На регионално ниво, Емирати е зад Етихад Ервејс (Etihad Airways), исто така е со седиште во Обединетите Арапски Емирати, но не е доволно голема компанија за да се пласира на глобалната листа.   Во Европа, КЛМ го зазеде првото место, а потоа Финер, Ер Европа, Трансави, изиЏет и Норвежиан  (Finnair, Air Europa, Transavia, easyJet и Norwegian). Некои познати превозници, како што се Аустриан, Еуровингс и Кондор (Austrian, Eurowings i Condor), не влегоа ниту во европските Топ 25, бидејќи немаат превезено доволно патници или „акумулирано“ доволно километража во 2021 година.
На резултатите од годинашното истражување во голема мера влијаеја авионските несреќи од претходниот период, со оглед на падот на пандемскиот сообраќај и скромниот пораст на бројот на патници во 2021 година. паг/
 

Остани поврзан