• сабота, 27 јули 2024

Емин Врзиволи победник на тенискиот турнир „Дибра опен 2022“

Емин Врзиволи победник на тенискиот турнир „Дибра опен 2022“
Дебар, 25 јули 2022 (МИА) – Познатиот дебарски стоматолог Емин Врзиволи е победник на летниот тениски турнир „Дибра опен 2022“.  Во конкуренција од дванаесет натпреварувачи второто место му припадна на Валон Мехмети.  Финалниот натпревар го следеше  градоначалникот Хекуран Дука, кој го врачи пехарот и вети понатамошна поддршка за тенискиот клуб.  -Тенисот е интересна спортска активност која има добри услови да се развива во нашиот град и секогаш ќе биде поддржана од општина Дебар со вклучување во календарот на спортски активности. Горд сум на младите што се поголем интерес покажуваат за спортот, тука и тенисот. Честитки до добитниците на наградите и организаторите, рече Дука.  Тој заедно со директорот на Основното општинско училиште „Пенестија“, Ајет Мулареџа, во чиј круг се наоѓа тениското игралиште, имаа срдечен разговор со сите учесници. вт/ 

Остани поврзан