• среда, 18 декември 2024

Еминем побара претседателскиот кандидат Рамасвами да не користи негова музика во кампањата

Еминем побара претседателскиот кандидат Рамасвами да не користи негова музика во кампањата

Вашингтон, 29 август 2023 (МИА) - Претендентот за републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами доби барање од рап пејачот Еминем да престане да ја користи неговата музика на своите митинзи, јави денеска Си-ен-ен.

BMI, организација за изведувачки уметности, ја информирала кампањата на Рамасвами а по барање на Еминем, дека нема да дозволи лиценца за употреба на музиката на раперот на кампањата. 

„Добивме комуникација од Маршал Б. Метерс, професионално познат како Еминем, со приговор до кампањата на Вивек Рамасвами за употреба на музичките композиции на Еминем“, се вели во писмото датирано 23 август, јавија синоќа западните медиуми. 

На 17 август, за време на настап во Ајова заедно со гувернерот Ким Рејнолдс, Рамасвами го започна митингот со караоке рапување на песната од Еминем „Lose Yourself“. Тој му кажа на Рејнолдс дека оваа песна би ја користел за излегување на сцената.   

На 38-годишна возраст, Рамасвами е досега најмлад претседателски кандидат од репубиканците. Милјардерот од технолошкиот сектор се надева на успех во кампањата со подршка од помладата генерација на републиканскиот избирачи. Toj вети дека ако биде избран за претседател на САД ќе ја признае руската окупација на Украина и ќе го блокира нејзиното членство во НАТО. - За таа цел, ќе ја прифатам руската контрола врз окупираните територии и ќе ветам дека ќе ја блокирам кандидатурата на Украина за НАТО во замена за повлекувањето на Русија од воениот сојуз со Кина. Ќе ги укинам санкциите и ќе ја вратам Русија на светскиот пазар, посочи Рамасвами.

Инаку, светски познатата ѕвезда Еминем, потсетуваат американските медиуми, во минатото повеќе пати јавно критикувал републикански практики. Тој има и песна во која го критикува тогашниот претседател Џорџ Буш, како и една против Допналд Трамп. кб/ссм/

Остани поврзан