• сабота, 27 јули 2024

Емерсон мора да го оперира коленото

Емерсон мора да го оперира коленото

 

Лондон, 28 март 2023 (МИА) – Бразилецот Емерсон Ројал ќе отсуствува од редовите на Тотенхем поради операција на коленото, објави денеска англискиот прволигаш, непрецизирајќи колку долго дефанзивецот ќе биде надвор од теренот.

Емерсон (24) се повреди во судиското продолжение во поразот на Бразил од 1-2 во пријателскиот натпревар против Мароко, одигран во саботата во Танжер.

„Можеме да потврдиме дека Емерсон Ројал претрпе повреда на менискусот на левото колено додека беше на меѓунарпдна должност со Бразил минатата недела“, соопшти Тотенхем.

Тотенхем во април го очекуваат три дерби натпревари против директните конкуренти за место во Лигата на шампиони – Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Њукасл.

Лондонскиот клуб е четвртопласиран на табелата со 49 бодови, два повеќе од петтиот Њукасл, кој има одиграно два натпревари помалку. ег/ ФОТО: Твитер

Остани поврзан