Емери пред реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ: „Сакаме да испишеме историја“
- Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, сака тимот да „испише историја“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Бирмингем, 14 април 2025 (МИА) - Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, сака тимот да „испише историја“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
-Нашата цел е строго да се држиме до планот, да бидеме константни 90 минути. Нашиот план е ако добиеме продолженија или пенали, тоа ќе биде одлично. Имам искуство со пресврти. Позитивни и негативни. Но сега е поинаку. Сакаме да испишеме историја во Астон Вила. Минатата година во Конференциската лига, оваа година во Лигата на шампионите и се надеваме и за годините во европските купови. ПСЖ има големо искуство на гости, но нашите навивачи ќе ни ја дадат својата енергија. Ако сме добри тактички и индивидуално, имаше шанси, изјави Емери за прес-службата на УЕФА.
Првиот натпревар меѓу екипите во Париз заврши 3:1 во корист на францускиот шампион. Реваншот ќе се игра на 15 април во Бирмингем и ќе започне во 21:00 часот. дс
Фото: Архива