• вторник, 24 декември 2024

Емери задоволен од новиот договор со Астон Вила

Емери задоволен од новиот договор со Астон Вила

Бирмингем, 26 април 2024 (МИА) - Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изрази задоволство од неговиот нов договор со тимот од Бирмингем. Клубот во вторникот објави дека тој потпишал договор до 2027 година. Веста доаѓа по гласините дека тој е еден од кандидатите за тренер на Баерн Минхен.

-Среќен сум и многу мотивиран. Откако пристигнав пред година и пол, очекувањата постепено се зголемуваа, но имаме уште многу работа. Потпишав на три и пол години, но има клаузула за уште една. Секако дека сум многу среќен, изјави Емери.

Вила ја продолжува битката со Тотенхем за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Тимот од Бирмингем утре му гостува на Челси. Имаат шест бода предност пред „петлите“, кои одиграа два натпревари помалку, но имаат исклучително тежок распоред до крајот на сезоната.

-Имаме голема мотивација. Ние сме реални затоа што сме конкурентни. Пред пет месеци, дури и пред еден месец ме прашаа дали сме кандидати за топ 7 или сме кандидати за пласман во Лигата на шампионите. Мојата порака отсекогаш била иста - дека не сме. Ние сме кандидати за топ 4, но мора да се бориме со друг претендент како Тотенхем и ќе биде тешко. Целта пред нас е голем чекор кој се надевам дека ќе можеме да го направиме. Продолжуваме во Лига Европа, што е уште еден важен чекор напред. Многу сум горд што додадовме нова цел – да избориме пласман во Лигата на шампионите, додаде Емери. дс

Фото: Архива

Остани поврзан