Ембиид ќе го оперира коленото
- Џоел Ембиид следната недела ќе биде подложен на артроскопија на левото колено, објавија од Филаделфија 76-ерс.

Филаделфија, 3 април 2025 (МИА) - Џоел Ембиид следната недела ќе биде подложен на артроскопија на левото колено, објавија од Филаделфија 76-ерс.
Од клубот на крајот на февруари објавија дека Ембиид ја заврши поради повреда на коленото. Клубот во денешното соопштение соопшти дека центарот ќе биде преоценет за шест недели и се очекува целосно да закрепне.
Тој оваа сезона одигра само 19 натпревари во НБА лигата за Филаделфија и имаше просек од 23,8 поени, 8,2 скока и 4,5 асистенции.
Ова ќе биде негова втора операција на коленото во последните 14 месеци. Кошаркарот се подложи на оперативен зафат во февруари минатата година, откако кошаркарот на Голден Стејт, Џонатан Камингс му падна на нога за време на натпревар во јануари, за да се врати на теренот во април пред почетокот на плејофот од минатата сезона.
Сезоната на Филаделфија е при крај. Тимот се наоѓа на 13. место во поредокот на Источната конференција на НБА со 23 победи и 53 порази, а нивните соништа за пласман во плеј-офот се одамна пропаднати. дс
Фото: Архива