• среда, 18 декември 2024

Ембид: Последниве неколку месеци беа крајно депресивни

Ембид: Последниве неколку месеци беа крајно депресивни

Филаделфија, 9 декември 2024 (МИА) - Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид очекува да ги надмине повредите и да се врати на терените во својата препознатлива форма.

Триесетгодишниот Камерунец пропушти седум натпревари поради проблеми со левото колено.

- Последните месеци? Депресивно. Нема повреда, само оток. Се обидувавме да откриеме што да правиме со коленото. Требаше нешто да направиме, да реагираме. Целата оваа приказна беше многу досадна бидејќи сакам да играм на секој натпревар, го цитира играчот „ESPN“.

Оваа сезона Ембид настапи на само пет натпревари во НБА-лигата и имаше просек од 22 поени и 8,4 скока. 

Минатата сезона неговите бројки беа 34,4 поени и 11,1 скока. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан