• среда, 25 декември 2024

Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз

Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз

 

Париз, 2 ноември 2024 (МИА) – Францускиот тенисер Хуго Ембер и Германецот Александер Зверев ќе играат во денешното финале на Мастерсот од серијата 1000 во Париз.

Ембер синоќа во полуфиналето по три сета со 6:7, 6: 3, 6:4 го совлада Русинот Карен Хачанов (21. АТП).

Домашниот тенисер до победата дојде по два часа и 48 минути и за првпат во кариерата се пласираше во Мастерс финале.

Негов противник ќе биде германскиот тенисер Александар Зверев, кој претходно го совлада Данецот Холгер Руне со 6:3, 7:6. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан