• среда, 25 декември 2024

ЕМА ќе ја проучува можноста за вакцинирање на деца на возраст од 5-11 години

ЕМА ќе ја проучува можноста за вакцинирање на деца на возраст од 5-11 години
Женева, 9 септември 2021 (МИА) -  Европската агенција за лекови (ЕМА) има намера да ја разгледа можноста за вакцинација против коронавирус кај деца на возраст од 5-11 години. Ова, на денешниот брифинг, го соопшти шефот на Одделот за здравствени закани и вакцинација при ЕМА Марко Кавалери. Според него, податоците добиени од САД покажуваат дека со ширењето на делта варијантата, бројот на адолесценти кои не се вакцинирани драстично ќе се зголеми. „Двете mRNA вакцини одобрени во ЕУ овозможуваат употреба кај луѓе постари од 12 години“, рече тој. „Се смета дека придобивките од користењето на овие вакцини кај адолесцентите ги надминуваат ризиците“. - За деца под 12 години, очекуваме да добиеме податоци за барем некои вакцини наесен за да видиме дали придобивките ги надминуваат ризиците кај децата на возраст од 5-11 години, рече Кавалери. ссм/

Остани поврзан