• четврток, 26 декември 2024

ЕМА препорача хепаринот да не се користи за ретки тромби

ЕМА препорача хепаринот да не се користи за ретки тромби
Брисел, 7 јуни 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) им даде препорака на лекарите да избегнуваат „хепарин“ при третман на ретки крвни згрутчувања и ниски тромбоцити кај пациенти кои примиле вакцина „АстраЗенека“ или „Џонсон и Џонсон“. Европскиот медицински регулатор, во соопштение со кое сака да ја подигне свеста за правилен третман, се фокусираше на препораката на Меѓународното друштво за тромбоза и хемостаза (ИСТХ), која заклучи дека во случај на сомневање за згрутчување на крвта поврзано со вакцините, треба да се започне со третман со нехепарински антикоагуланси. „За постапување во случај на сомневање (за тромбоза со синдром на тромбоцитопенија), особено ако нема локални препораки, работната група им препорачува на здравствените работници да ги разгледаат привремените препораки на ИСТХ“, соопшти ЕМА. Препораката на ЕМА, која ги потенцира упатствата на ИСТХ, е во согласност со препораките на Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кои издадоа предупредувања за употреба на хепарин во вакви случаи затоа што тој ја влошува состојбата. Алтернативни антикоагуланси вклучуваат „фондапаринукс“ или „аргатробан“. паг/  

Остани поврзан