• недела, 24 ноември 2024

ЕМА почна експертиза за руската вакцина „Спутник V“.

ЕМА почна експертиза за руската вакцина „Спутник V“.
Амстердам, 4 март 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) почна експертиза за руската вакцина против Ковид-19 „Спутник V“. ЕМА претходно беше обвинета за неуспешната набавка и дистрибуција на вакцини во земјите-членки на ЕУ. Досега во ЕУ за употреба се одобрени  три вакцини: на Модерна , на „Фајзер/БиоНтек  и на АстраЗенека, а на 11 март ќе одлучува дали ќе дозволи употребата на вакцината против Ковид-19 на американскиот фармацевтски производител Џонсон & Џонсон. Унгарија и Словачка веќе одобрија примена на „Спутник V“, без одобрение од ЕМА. Вакцината „Спутник V“ досега е регистрирана во 42 држави. ми/

Остани поврзан