• четврток, 26 декември 2024

ЕМА: Поголема е користа од ризиците од вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека

ЕМА: Поголема е користа од ризиците од вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека
Амстердам, 23 април 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска повтори дека е поголема користа од ризиците од вакцината против коронавирусот на Астра Зенека и препорача ревакцинацијата да се изврши од четири до 12 недели кај сите старосни групи. - Вакцината против Ковид-19 на компанијата Астра Зенека е ефикасна во спречувањена хоспитализацијата, приемот на интензивна нега и смтните случаи поради Ковид-19. Најчестите и несаканите ефекти се обично лесни или умерени. Најсериозните несакани ефекти се ретки случаи на необични згрутчувањата на крвта со ниско ниво на тромбоцити, за кои се проценува дека се јавуваат кај еден од 100.000 вакцинирни лица, се посочува во соопштението на ЕМА. ЕМА наведе дека ќе продолжи да ги проценува информациите од теренот, како и од компанијата Астра Зенека во случај сегашните заклучоци да мора да бидат изменети во согласност со развојот на ситуацијата. ми/

Остани поврзан