• сабота, 23 ноември 2024

ЕМА најверојатно ќе ја одобри вакцината на КјуреВак до лето

ЕМА најверојатно ќе ја одобри вакцината на КјуреВак до лето
Париз, 16 март 2021 (МИА) - Вакцината против Ковид-19 на германската биотехнолошка компанија КјуреВак се очекува да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) во периодот април – јуни, изјави коосновачот на компанијата, германскиот микробиолог Ингмар Коер за францускиот весник Л’Епрес. - Не брзавме. Но, добивме многу конкурентен производ, поевтин и подостапен, посочи Коер. Тој наведе дека развиената вакцина е многу ефикасна, со пониска цена и лесна за чување. Може да остане на температура од четири степени Целзусови неколку месеци без да ги изгуби своите својства Станува збор за мРНК вакцина, како што се оние на компаниите Фајзер/БиоНтек и на Модерна. Сега компанијата ја завршува третата клиничка фаза на тестирање на лекот. Во јануари беше потпишан договор со Бајер за заедничко истражување и идно производство на вакцината. Европска комисија однапред објави за нарачани 405 милиони дози вакцина КјуреВак, што е најголема количина во споредба со вакцините од другите производители. ми/

Остани поврзан