• недела, 24 ноември 2024

ЕМА: Вакцината на Фајзер може да се чува во стандардни фармацевстки фрижидери

ЕМА: Вакцината на Фајзер може да се чува во стандардни фармацевстки фрижидери
Амстердам, 26 март 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека транспортот и складирањето на вакцината на Фајзер/БиоНтек против Ковид-19 ќе може да се одвива на температура од минус 25 до минус 15 степени Целзиусови односно на температури стандардни за фармацевтските фрижидери. Одобрението е донесено по примерот на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), која во февруари одобри вакцините на Фајзер/БиоНтек да се чуваат на повисоки температури од претходно препорачаните. Во соопштението на ЕМА се истакнува дека тоа ќе ја олесни брзата дистрибуција на вакцини во Европска Унија и ќе ја намали зависноста од складирање на многу ниски температури. ЕМА наведе дека вакцините на Фајзер/БиоНтек ако се складираат подолго од две недели тогаш е потребна температура од минус 90 до минус 60 степени Целзиусови, што е можно само во посебни фрижидери. Претходно, ЕМА одобри нови фабрики за производство на вакцини против Ковид-19 во Холандија, во Германија и во Швајцарија, со цел да се унапредат вкупните производствени капацитети и да се забрза имунизацијата во Европа. Во Лејден, Холандија ќе се отвори нов погон за производтво на вакцината АстраЗенека, во Марбург, Германија ќе се произведува вакцината на Фајзер, додека во Виспа, Швајцарија - Модерна. ми/

Остани поврзан