• среда, 27 ноември 2024

Ел Паис: Вистинскиот број на починати од Ковид-19 во Шпанија веројатно е за 60 отсто поголем

Ел Паис: Вистинскиот број на починати од Ковид-19 во Шпанија веројатно е за 60 отсто поголем
Мадрид, 26 јули 2020 (МИА) - Вистинскиот број на луѓе кои починале од Ковид-19 во Шпанија би можел да биде речиси 60 проценти повисок од официјалните 28.432, судејќи според истражувањето објавено во „Ел Паис“. Во Шпанија, официјалниот број на смртни случаи од Ковид-19 ги вклучува само оние пациенти кај кои болеста формално била потврдена со тестирање, но не и оние случаи за кои постои сомнение дека биле заразени со коронавирусот, но кои никогаш не биле тестирани. Малиот обем на тестови извршени на коронавирус, особено по избувнување на пандемијата, значи дека официјалните бројки може да бидат помали од реалните податоци, како во многу други земји. Земајќи ја предвид статистиката по региони за сите случаи за кои постои сомневање или е потврдено дека починале од коронавирусот, „Ел Паис“ дошле до бројка од 44.868, што може да претставува реален број на луѓе кои починале од ефектите на Ковид-19. Доколку се покажат како точни овие податоци, тоа би значело дека Шпанија би можела да биде на второто место во однос на бројот на починати од коронавирусот во Европа, зад Велика Британија. Бројките презентирани од „Ел Паис“ приближно се совпаѓаат со податоците на Националниот епидемиолошки центар и Националниот центар за статистика, кој открива зголемување на стапката на смртност во споредба со бројот на смртни случаи низ целата земја со просекот. ссм/  

Остани поврзан