• сабота, 27 јули 2024

Ел Класико“ на 23 јули во Лас Вегас

Ел Класико“ на 23 јули во Лас Вегас
Лос Анџелес, 11 јуни 2022 (МИА) – Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона ќе одиграат на 23 јули во Лас Вегас пријателски натпревар во рамки на нивните турнеи во САД. На турнирот „Сокер Чeмпионс Тур“, кој ќе биде одржан од 22 до 30 јули, ќе настапат и Јувентус од Торино, како и мексиканските екипи Америка и Гвадалахара, соопшти организаторот „АЕГ“. Дуелот меѓу Реал и Барселона ќе биде второ „Ел Класико“ на територијата на САД, по нивниот пријателски натпревар одигран на 30 јули 2017 година, пред 64.000 гледачи во Мајами. ег/сд/

Остани поврзан