• среда, 25 декември 2024

Елтон Џон повикува на масовно тестирање за ХИВ

Елтон Џон повикува на масовно тестирање за ХИВ
Лондон, 1 декември 2020 (МИА) - Пејачот Елтон Џон им се придружи на водечките британски добротворни организации во борбата против СИДА-та, па повика на масовно тестирање за ХИВ-вирусот со цел да се запре новата епидемија во земјата последнава деценија. Тоа, меѓу другото, и поради загриженоста дека Ковид-19 може да влијае на пристапот до тестови и лекови. - Едно нешто што научивме оваа година, а тоа е важноста на тестирањето. Тестот за ХИВ е во сржта на ставањето крај на нови случаи на ХИВ во Англија, рече Џон, чија добротворна организација досега собра скоро половина милијарда долари за борба против ХИВ-вирусот. По повод утрешното одбележување на Светскиот ден на СИДА-та, првата англиска комисија за ХИВ, чијшто соосновач е познатиот поп-пејач, ќе објави 20 препораки за спречување нови случаи на ХИВ-позтивни до 2030 година. Се препорачува тестирањето за ХИВ да биде стандардна практика за пациенти кои се јавуваат кај нов лекар, минуваат рутински тестови за брисеви или се примени во одделенијата за итни случаи во болница. Повеќе од 38 милиони луѓе ширум светот денес се заразени со ХИВ, а болеста СИДА уби околу 33 милиони луѓе од почетокот на 1980-тите до овој миг.  си/

Остани поврзан