• среда, 25 декември 2024

Елмас: Шансите против Италија се 50-50 (ПВТ)

Елмас: Шансите против Италија се 50-50 (ПВТ)
Палермо, 24 март 2022 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, поради жолти картони нема да може да и помогне на македонската репрезентација на вечерашниот натпревар со Италија во баражот за Светското првенство 2022. Видеолотарија „Касинос Австрија“ како партнер на фудбалскиот национален тим ги сподели очекувањата од мечот на Елмас кој верува дека неговите репрезентативни колеги можат да направат изненадување. – Искрено, нè очекува многу тежок натпревар. Ги познавам многу добро фудбалерите на Италија. Играат многу поразлично од порано. Многу побрзо, поофанзивно, технички и тактички на врвно ново. Индивидуално се многу силни на секоја позиција. Соиграчите од Наполи велат дека се свесни за тежината на натпреварот. Велат дека воопшто нема да биде лесно меч за нив. Нè анализираат во детали, знаат дека е само еден натпревар, свесни се за нашиот квалитет и не смеат да не потценат. Шансите се 50-50. Верувам во моите соиграчи, знам дека ќе го дадат максимумот и ќе направиме нов, историски успех. Имаме квалитет и ова е нова шанса да се претставиме во најдоброто издание, изјави Елмас за видеолотарија „Касинос Австрија“. Што се однесува до отсуствата, и Италија има проблеми. Можно е да не настапат и двата столба на одбраната, Бонучи и Кјелини, но Елмас смета дека Македонија треба да го запре средниот ред. – Одбраната може да биде мал проблем за Италијанците. Фудбалерите кои се стандардни во дефанзивата со години, сега се соочува со повреди. Средниот ред е клучната алка и ако го затвориме тој простор ќе биде проблем за нив, сподели македонскиот креативец. Натпреварот се игра вечер од 20:45 часот на „Ренцо Барбера“ во Палермо. зс/

Остани поврзан