• четврток, 26 декември 2024

Елизабет Харли повторно во бикини, овојпат заедно со сестра ѝ

Елизабет Харли повторно во бикини, овојпат заедно со сестра ѝ
Лондон, 30 ноември 2020 (МИА) - Британската глумица Елизабет Харли, која е во средината на своето шесто десетлетие од животот, повторно ги почести обожавателите и следачите на Инстагам, со својот младешки изглед... И повторно - во дводелен костим за капење. Но, овојпат, таа го стори тоа заедно со нејзината сестра Кејт, за која многумина и не би претпоставиле дека е повозрасна од неа. Позирањето пред фото објективот, се чини, за Елизабет Харли е главен лек за здодевноста во ова време на самоизолација. Уште на почетокот на корона-пандемијата, таа објави дека мора да биде внимателна, поради себе, но и поради нејзините пријатели кои се во ризичната група. Обожавателите годинава може да ја погледнат во драмата „Тогаш дојде ти“ (Then Came You). Следниот филм каде што таа ќе глуми е комедијата „Божиќ се враќа“ (Father Christmas Is Back), која сѐ уште е во претпродукција. си/гт/

Остани поврзан