• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Елизабета Втора нема да присуствува на COP26

Елизабета Втора нема да присуствува на COP26
Лондон, 26 октомври 2021 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора (95) нема да присуствува на климатската конференција на ОН COP26 во Глазгов, откако лекарите ја советуваа да се одмори по престојот во болница, соопшти денеска Бакингемската палата. „Нејзиното височество со жалење одлучи да не патува повторно во Глазгов на приемот на 1 ноември“, се вели во соопштението на палатата, додавајќи дека таа „ќе им се обрати на собраните делегати преку снимена видео порака“. ссм/

Остани поврзан