Елен Деџенерис позитивна на коронавирус
- Американската комичарка, глумица и водителка Елен Деџенерис објави дека добила позитивен тест за коронавирусот.
![Елен Деџенерис позитивна на коронавирус](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105125511_big_730x400_47.webp )
Лос Анџелес, 11 декември 2020 (МИА) - Американската комичарка, глумица и водителка Елен Деџенерис објави дека добила потврда оти е заразена со коронавирус.
„Сакам да ве известам сите вас дека сум позитивна на тест за Ковид-19. За среќа, во овој миг се чувствувам добро", објави таа на Твитер.
Водителката на забавната емисија рече дека сите луѓе со кои била во близок контакт се информирани дека е заразена. си/сд/