• среда, 13 ноември 2024

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување 

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување 

Брисел, 29 октомври 2024 (МИА) - Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. 

Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Северна Македонија. 

По усвојувањето на пакетот, тој ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. 

Еврокомисијата секоја година усвојува и презентира Пакет за проширување, кој опфаќа збир на документи што ја објаснуваат политика за проширувањето на ЕУ и прави преглед на случувањата во текот на изминатата година.  

Во Извештајот се анализира на напредокот постигнат од страна на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, предизвиците со кои тие се соочуваат и реформите што треба да ги спроведат.  

Во прилог на главниот документ, пакетот содржи и детални одвоени извештаи за напредокот во реформите во секоја земја кандидат и потенцијален кандидат, како и препораки и насоки за реформските приоритети. сп/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан