• недела, 24 ноември 2024

ЕК сака да ја заштити конкуренцијата на пазарот на мрежни уреди

ЕК сака да ја заштити конкуренцијата на пазарот на мрежни уреди
Брисел, 16 јули 2020 (МИА) - Европската комисија денеска најави истрага за пазарот на мрежни уреди, сомневајќи се дека пристапот до големи количини на податоци за потрошувачите им дава на гигантите како Гугл и Амазон нечесна предност во однос на конкуренцијата. „Уредите поврзани преку Интернет стануваат се поважни во животот на граѓаните на ЕУ“, се вели во соопштението на ЕК, фокусирајќи се на конкуренцијата меѓу производителите на гласовни секретарки, рачни часовници, фитнес опрема, уреди за домаќинство и уреди за осветлување со далечинско управување. - Пристапот до големи количини на податоци се чини дека е клучен фактор за успех во овој сектор, рече потпретседателката на ЕК, Маргарет Вестагер. Во овој сектор доминираат дигиталните и технолошките гиганти Амазон, Гугл и Ејпл. - Големите компании располагаат со големи количини на податоци за однесувањето на потрошувачите и ако ги злоупотребат, многу брзо можеме да ја преминеме линијата што ја одделува конкуренцијата од монополите, рече Вестагер на прес-конференција во Брисел.
Истрагата треба да и помогне на Комисијата да ги предвиди проблемите што можат да се појават во иднина. Во наредните месеци, ЕК ќе контактира со 400 компании, а истрагата нема да вклучува мрежни автомобили.
Конечниот извештај за резултатите ќе биде објавен во 2022 година. паг/

Остани поврзан