• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕК предложи Акциски план за намалување на трошоците за енергија за 260 милијарди евра годишно до 2040 

ЕК предложи Акциски план за намалување на трошоците за енергија за 260 милијарди евра годишно до 2040 

Брисел, 26 февруари 2025 (МИА) - Европската комисија денеска предложи Акциски план со краткорочни мерки за намалување на трошоците за енергија, комплетирање на Енергетската унија, привлекување инвестиции и за подобро подготвеност за потенцијални енергетски кризи, кој треба да резултира со заштеди за енергија од по 260 милијарди евра годишно до 2040 години. 

- ЕУ се наоѓа на клучна пресвртница за нејзината конкурентност, декарбонизација и безбедност, со јасна потреба да дејствува. Структурно високите трошоци за енергија им штетат на нашите граѓани и бизниси. Предизвиците се јасни, а исто така е и улогата на Европската унија да се справи со нив, се наведува во предлогот на Акцискиот план.  

Планот е замислен како клучна компонента на Договорот за чиста индустрија, што беше промовиран претходно денеска, и треба да придонесе за намалување високи сметки за енергија на домаќинствата и на индустриите, со проценети вкупни заштеди од 45 милијарди евра во 2025 година, кои постепено ќе растат до 130 милијарди евра годишно до 2030-та и до 260 милијарди евра до 2040 година. 

- Акцискиот план ќе донесе краткорочно олеснување за потрошувачите и ќе го отвори патот за комплетирање на Енергетската унија преку зголемување на придобивките од повеќе обновливи извори на енергија, заштеда на енергија, зајакната пазарна интеграција и подобри меѓусебни врски, се посочува во предлогот. 

Дополнително, Планот предлага и мерки за справување со предизвиците кои придонесуваат за раст на трошоците за енергија во ЕУ, за намалување на увозот на фосилни горива и за целосна интеграција на системот за електрична енергија. 

- Со забрзување на инвестициите во чиста енергија и инфраструктура и со воведување транспарентност и правичност на пазарите на гас, енергијата може да се направи поприфатлива. Понатамошното намалување на времето за издавање дозволи за обновливи извори и енергетска инфраструктура, исто така, ќе помогне да се намалат трошоците за производство на електрична енергија. Потрошувачите веќе имаат корист од околу 34 милијарди евра секоја година благодарение на внатрешниот енергетски пазар на ЕУ. Понатамошната интеграција би можела да ги зголеми таквите придобивки на 40 до 43 милијарди евра годишно веќе до 2030 година, посочува ЕК. 

Новата Влада планира фундаментално да го промени енергетскиот профил на државата со цел да ја подготви за идните предизвици за годините што следат и за таа цел сака енергетскиот сектор да бид

Според претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, ЕУ работи на намалување на цените на енергијата и на зголемување на конкурентноста.  

- Веќе значително ги намаливме цените на енергијата во Европа со двојно зголемување на обновливите извори на енергија. Сега одиме чекор понатаму, со Акцискиот план за достапна енергија како дел од нашиот Договор за чиста индустрија, може да изградиме вистинска енергетска унија, потенцира Фон дер Лајен. 

Извршната потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција Тереза Рибера, пак, истакна дека чиста транзиција не е можна без пристап до прифатлива енергија за сите.  

- Со намалувањето на сметките за енергија, овој Акциски план ќе биде од корист за европските граѓани и ќе им обезбеди на европските бизниси да останат на курсот на декарбонизацијата, да напредуваат економски и да станат поконкурентни на глобалната сцена, порача Рибера, 

Според неа, со Планот ќе се обезбеди еколошката транзицијата да остане социјално фер процес, од кој никој нема да биде изоставен. 

Еврокомесарот за енергија и домување Ден Јоргенсен во врска со предлагањето на Планот истакна дека денешните предизвици бараат смели и амбициозни активности за намалување на цените на енергијата и за заштита на безбедност на ЕУ.  

- Одговорот на овие предизвици лежи во почиста, поевтина, поефикасна и поврзана енергетска унија. Затоа нема да се повлечеме од зелената транзиција. Ќе чекориме напред, решително и ургентно, додаде Јоргенсен. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан