• петок, 27 декември 2024

ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид-сертификат

ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид-сертификат

Брисел, 3 февруари 2022 (МИА) -  Европската комисија (ЕК) смета дека дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ треба да се продолжи до крајот на јуни 2023, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата сега го поднесува предлогот на Советот и Парламентот на ЕУ за да имаат време до истекувањето на рокот на сегашната регулатива за ковид-сертификатот да го одобрат ова продолжување.

Дигиталниот ковид-сертификат го олеснува патувањето помеѓу земјите членки на ЕУ како и низа трети земји кои се приклучија кон системот. Овој сертификат содржи информации за дози на вакцини, прележаност и резултат на ПЦР-тестови.

- Европската комисија смета дека сертификатот треба да се продолжи уште една година, поради фактот што постои ризик од повторно зголемување на бројот на заразени во втората половина од годината, како и можност за појава на нови соеви, изјави портпаролот Кристијан Виганд. тм/паг/

Остани поврзан