• среда, 20 ноември 2024

ЕК очекува дозвола за употреба на ремдесивир до крајот на неделава

ЕК очекува дозвола за употреба на ремдесивир до крајот на неделава
Брисел, 2 јули 2020 (МИА) - Европската комисија се надева дека одлуката за дистрибуција на првиот лек во ЕУ против Ковид-19 ќе биде објавена пред крајот на оваа недела, изјави претставник на ЕК. - Заштитата на здравјето е основен приоритет за ЕК. Затоа го забрзавме процесот за давање овластување за дистрибуција (во ЕУ) на ремдесивир, така што ќе биде достапен за луѓето од заедницата. Се надеваме дека оваа дозвола ќе биде дадена до крајот на неделава, рече тој. Европската агенција за лекови (ЕМА) на крајот на јуни препорача да се одобри продажбата на првиот лек во Европската Унија против Ковид-19, ремдесивир. Во соопштението на ЕМА се вели дека Европската комисија ќе го забрза процесот на донесување одлука за пристап на пазарот на овој лек. јт/  

Остани поврзан